Членот на кралската фамилија, принцот Хари на својот одмор во Лас Вегас потполно па дури и целосно заборави на протколот.
Принцот Хари е познат по своите забави но изгледа британскиот принц отиде и чекор натаму. Вчера е уловен како се забавува на базенот со девојки во бикини, а целата екипа вечерта се преселила во хотелските соби каде се одвивала вистинската забава. Хари се дружел со многу луѓе кои ги одвел во својата ВИП соба, а некој од повиканите не ја пропуштил можноста да го слика принцот гол.
Американскиот портал TMZ ги објави разголените фотографии на принцот Хари кој е заедно со непозната девојка во прегратка.