ФОТО: Полициски „Голф“ со 400 коњски сили

Од:

Компанијата „Етингер“ во Германија го претстави моќниот „Голф Р“ – модифицирано полициско патролно возило.

За успешно да им парираат и да ги следат возачите на супербрзите автопати, на германските патролни полицајци им требаат и соодветни патролни автомобили. Имајќи го тоа предвид, „Етингер“ ја доработи најмоќната „Р” верзија на „Голф“, така што вгради помоќен мотор, ги унапреди перформансите на возилото и додаде полициски комуникациски уреди и дополнителни звучни и светлечка сигнализација.

Надворешноста е исто така, во нијанси карактеристична за патролните полициски автомобили, а под хаубата се наоѓа оригинален четирицилиндерски дволитарски турбо-бензинац засилен за 90 коњски сили, па сега има вкупно 400.

Благодарение на дополнителната моќност, полицискиот „Голф Р“ од место забрзува до 100 километри на час за само 3,6 секунди. А пак, максималната брзина изнесува 290 километри на час.

Модификациите што ги направи „Етингер“ опфаќаат и аеродинамички пакет со преден сплитер, покривен спојлер и странични додатоци, како и нов издувен систем со четири излезни цевки широки 9 сантиметри.

Вградени се и нови алуминиумски фелни со пречник од речиси 50 сантиметри и нископрофилни пневматици на „Хенкук“.

Засега не се знае со сигурност дали овој автомобил ќе се најде во возниот парк на германската полиција.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on