ФОТО: Ова е најскапиот фото-апарат на светот

Од:

Фотоапаратот „Leica“, со кој Дејвид Даглас Данкан го документирал животот на уметникот Пабло Пикасо е продаден за рекордни 1.68 милиони евра, соопшти австриската фото-галерија Vestliht.

Произведена во 1955-тата година „Leica m3d“ е едната од четирите било кога направени и цената по која е продадена постигна рекорд во однос на комерцијално-произведените фотоапарати, пренесува АП.

Галеријата соопшти дека втората највисока цена е понудена за позлатената Leica од 1939-та година која е продадена за 1.02 милиони евра.

96-годишниот Данкан, некогашен фотограф на списанието „Life“, е еден од највлијателните американски фото-репортери на XX век. Бил близок пријател на Пабло Пикасо и има објавено над стотина ексклузивни фотографии од шпанскиот уметник.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска