На 30-годишниот Кинез, Ванг Ли толку многу му се допаѓал изгледот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, па се подложил на пластична операција за да личи на него.
Тој и без операција потсетувал на севернокорејскиот лидер, меѓутоа сепак сакал да го „подобри својот изглед“ и сличноста со Ким.
Ванг стана познат откако се појавија негови фотографии со глумицата Лиу Зиван, која ја запознал додека бил во посета на еден пластичен хирург.
Заденичко за Ванг и Лиу е што ја споделуваат љубовта кон пластичните операци и додека седеле во чекалната почнале разговор за зафатите поради кои дошле и така се родила симпатија меѓу нив.
Двојката решила да повика фотографи на нивниот прв состанок, за да го „одбележат тој свечен момент“.
Инаку, Лиу Зиван го привлече внимание на медиумите во Азија кога објави дека планира да вгради силикони во градите, поради најбогатиот човек во Кина, Ванг Сиконг, кој изјавил дека сака жени со големи гради.
А, мислевме дека само од Западот доаѓаат чудни приказни.