Истанбул се подготвува за отворањето на „Меѓународниот фестивал на лалето“ утре. Оваа година во рамки на осмото издание на фестивалот, што ќе се одржи од 1 до 30 април, во Истанбул ќе бидат посадени околу 14.420.000 лалиња – речиси колку што е населението на градот, од 270 различни видови.
Секој април, од 2006 година досега градските власти на Истанбул садат околу сто милиони лалиња, кои го симболизираат доаѓањето на пролетта, во парковите и алеите, покрај патиштата и на секое друго место каде што е можно.
Вообичаено цвеќињата се аранжираат во геометриски фигури или во вид на бранови, делфини или турското знаме.
Оваа година новина на фетсивалот е „Музејот на лалето“, што градските власти го отворија во паркот Емиргјан – историски парк, распореден во еден од најживописните квартови на Истанбул, на европскиот брег на Босфорот.