Задоволни детски насмевки, преполн плоштад и улички низ чаршијата, беше вчерашната слика на Кратово.
На првата вечер од кратовските „Златни денови“ настапија „Тајфата“, „Љубојна“ и ѕвездите од Х Фактор – Тамара, Маид, „Доктори“ и Даниел.
По нивните настапи, забавата се префрли на базенот, каде што специјални гости беа и ѕвездите од Х фактор.
На барање на публиката, Тамара и „Доктори“ остануваат во Кратово и на втората „Златна вечер“, а пред нивниот вечерашен настап ќе се одржи Европскиот фестивал во тамбура.
По тамбурашкиот фестивал, свој концерт ќе имаат Оџила од Србија, додека пак ДЈ Шорти е задолжен за after party на базенот, каде повторно ќе се забавуваат ѕвездите од Х Фактор.