„Фолксваген“ го претстави новиот „Голф Р“

Од:

Најмоќниот „Голф“ повторно се нуди во попрактична верзија на каросеријата, а притоа, под лимот се крие сѐ што е во основата од која е создаден овој автомобил.

Надолжни покривни носачи, голем волумен на багажниот простор (од 611 до 1.642 литри), автоматско отворање на петтата врата и повеќе простор за нозете, за патниците на задните седишта – се дел од предностите. Она што се крие зад буквата Р е истото како и во случајот со стандардната најмоќна осма генерација на „Голф“, така што семејниот „Голф Р“ се напојува со познатиот дволитарски четирицилиндричен турбо-бензински мотор којшто во своето последно издание нуди 320 коњски сили, вртежи од 420 њутн-метри и седумбрзински автоматски менувач со две квачила (ДСГ).

Максималната брзина е 250 км/ч. Сепак, со опционалниот пакет „Р перформанс“, има и 19-инчни тркала, дополнителна оптимизирана програма, како и спортски 270 км/ч.

Новиот автомобил, како што е најавено, ќе биде пуштен в продажбата во август, а основната цена во Германија се очекува да биде нешто повеќе од 50.000 евра.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on