Последната епизода на Game of Thrones викендов ја гледале 19,3 милиони луѓе, што е за речиси еден милион повеќе од рекордот поставен минатата недела.
Воедно, ова е и апсолутен рекорд за продукциската куќа ХБО.
Достигнувањето на завчерашната епизода е за 250 отсто поголемо од финалето на првата сезона, којашто имаше гледаност од 774.000 приклучени приемници.