Финале на Евросонг

Од:

Во Виена, вечерва, ќе се одржи 60 –то јубилејно финале на Евросонг, на кое учествуваат претставници од 27 земји.

Големото финале ќе го отвори претставничката од Словенија, а потоа ќе настапат претставниците на Франција, Израел, Естонија, Велика Британија, Ерменија, Литванија, Србија, Норвешка, Шведска, Кипар, Австралија, Белгија, Австрија, Грција, Црна Гора, Германија, Полска, Латвија, Романија, Шпанија, Унгарија, Грузија, Азербејџан, Русија, Албанија и Италија,

Одлуката за победникот на овогодинешниот Евросонг ќе ја донесат публиката и жирито, во однос 50:50.

Во финалето право на глас имаат сите земји кои учествуваа оваа година, вклучително и претставниците кои не успеаја да се пласираат во финалето, односно 40 земји, меѓу кои и Македонија.

Слоганот на овогодинешното издание на Евросонг е „Градиме мостови“.

Оваа година поради јубилејот, направен е исклучок па со свој претставник настапува и Австралија, каде Евросонг го следат милиони луѓе.

Натпреварувањето започнува во 21 часот, и го водат Миријам Вајхселбраун, Алис Тумлер и Арабела Кисбауер, додека од „зелената соба“ се јавува минатогодишната победничка Кончита Вурст.

Австрија по втор пат е домаќин на Евросонг. Прв пат била во 1967 година, кога година пред тоа Уго Јиргенс победил со песната „Мерси шери“, во Луксембург.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија