ФХ3Х во „Игри на гладните 2”, премиерата в четврток

Од:

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во изработката на визуелните ефекти на финалниот дел на “Игри на гладните, Мокингџеј 2”, во соработка со МПЦ Техниколор. Станува збор за последниот дел од популарната франшиза, кој премиерно ќе биде прикажан во Скопје на 19 ноември.

Кристијан Даниловски, ко-сопственик на ФХ3Х изјави дека на овој проект работеа 46 артисти, кои во период од пет месеци изработија 166 кадри.

– Франшизата на блокбастерот „Игри на гладните” ја освои филмската публика низ целиот свет, заработувајќи 2,3 милијарди американски долари на кино благајните. “Игри на гладните: Мокинџеј – Дел 2” ја завршува франшизата со моќен крај, што ќе го погледнеме во четврток, изјави Даниловски.

Филмот е возбудлива и емотивна завршница на глобалниот филмски феномен, во кој Кетнис Евердин од преживеан учесник на најсмортоносните игри кои се кога било смислени, влегува во битка да ја зацрта иднината на својот народ, овојпат соочена со сознанинето дека целта повеќе не е да се преживее туку да се создаде иднина.

Според сценариото, додека сиот Панем е зафатен од војна, Кетнис се соочува со претседателот Сноу (Доналд Сатерленд) во финална пресметка. Со своите најблиски пријатели Гејл (Лијам Хемсворт), Финик (Сем Клафин) и Пиита (Џош Хачерсон) – Кетнис организира обид за убиство на претседателот Сноу со тимот од 13-тиот Дистрикт, ризикувајќи да ги загубат своите животи за да ги ослободат жителите на Панем. Обсесијата на претседателот Сноу да ја уништи, смртоносните стапици, нејзините непријатели и моралните избори со кои е сооочена се поголем предизвик и од која било арена во која се борела.

Филмот премиерно ќе биде прикажан в четврток од 20 часот во киното Синеплекс.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ