ФХ3Х работеа на Power Rangers – тинејџери со супер моќи

Од:

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х беше дел од визуелните ефекти на филмот Power Rangers, кој од утре ќе почне да се прикажува во Скопје.

Kристијан Даниловски, ко-основач и ко-сопственик на ФХ3Х, изјави дека на проектот работеле од ноември до крајот на јануари оваа година, со тим од 50 артисти.

– Франшиза за филмот постои скоро четвртина век. „Power Rangers“ по првпат се појавија како Mighty Morphin Power Rangers на 28 август 1993 година, и тоа што сеуште постојат како франшиза скоро четвртина век подоцна, доволно зборува за нивната популарност, Се надеваме дека фановите на оваа франшиза ќе уживаат изјави Даниловски.

Power Rangers, како телевизиска серија потекнува од јапонската tokusatsu Super Sentai, а како Power Rangers, првпат се појавуваат во програмскиот блок на Fox Kids како Mighty Power Rangers во далечната 1983 година. Се работи за група на супер тинејџери, кои додека се справуваат со пубертетот, ги користат своите уникатни супер моќи да го спасат светот.

Прикажувањето на филмот Power Ranger почнува од утре во киното Cineplexx во Скопје.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид