ФХ3Х дел од Марвеловиот „Fantastic Four“

Од:

Македонската компанија за анимација и постпродукција е дел од проектот на најновиот Марвелов филм „Fantastic Four“, во соработка со MPC Tehnicolor.

Кристијан Даниловски, ко-сопственик и извршен продуцент во ФХ3Х за оваа соработка изјави дека на овој проект беше ангажирана група од 20 артисти, кои во периодот од јануари и февруари годинава работеа на 94 кадри.

– Филмот е модерна преработка на оригиналната приказна на најстариот Марвелов суперхеројски тим, и ова е веќе десетти Марвелов проект во кој сме вклучени. Пристапот кон модернизирањето е одличен, приказната е земена од The Ultimates, што за фановите значи свежа приказна, помлад тим и поатрактивна динамика. Овој пат во однос на ефектите во филмот, можеме да кажеме дека ликот на The Thing е целосно компјутерски изведен по пат на motion capture технологија, и само очите на актерот се оние кои не се компјутерски обработени, изјави Даниловски.

Фантастична Четворка 2

Според сценариото, четворица млади астронаути се телепортираат во далечен универзум и нивната физичка човечка форма се менува заради радијацијата со што добиваат натприродни способности. Четворицата мора да ги прифатат своите нови способности и да соработуваат како тим за да ја спасат планетата Земја од поранешен пријател кој е всушност непријател.

Филмот нуди една многу поинаква верзија на првото семејство на Марвел кое го видовме во 2005, овојпат со интересен и атрактивен осврт на алтернативните димензии, телепортацијата, црните дупки и невидливоста.

Др. Мичио Каку (Dr. Michio Kaku), теоретски физичар, на кого  ликовите од „Фантастичната Четворка“ му биле омилените суперхерои во детството, тврди дека некои од теориите за алтернативни димензии и не се толку далечни како што изгледаат. Според него, науката и фантазијата не се многу далеку една од друга.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ