ФХ3Х дел од ефектите на „Домот на необични деца на госпоѓица Перегрин“ на Тим Бартон

Од:

„Останете необични“ е слоганот кој го најави најновото филмско остварување на Тим Бартон, „Домот на необични деца на госпоѓица Перегрин“, работен според деби новелата и бестселер на Рансом Ригс. Во овој филм за необичните, кои во визијата на Бартон се чудесни и прекрасни, македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во изработката на визуелните ефекти во соработка со МПЦ од Лондон.

Според Кристијан Даниловски, ко-основач на компанијата ФХ3Х, се чини дека Бартон го направил својот најдобар филм во својата 30-годишна кариера и 18 дела зад себе.

– Интересно е што Бартон наоѓа инспирација во необичните работи, а новелата на Ригс се чини е полн погодок, особено елементите со старите фотографии во неа, британскиот декор и локација, се е предизвик да се погледне финалниот резултат. За нас особено е големо исчекувањето бидејќи имавме чест да бидеме дел од визуелните ефекти во соработка со МПЦ од Лондон. На овој проект работевме од септември до ноември минатата година со тим од 94 артисти, изјави Даниловски.

Не постои сомнеж кај филмските фанови дека ова е Домот за невообичаени деца на Тим Бартон, факт кој само дополнително ќе ја привлече филмската публика. Филмот е за дете кое патува низ времето назад до ерата на Втората Светска Војна и училиште за ексцентрични деца под раководство на директорката, која има способност да менува облици, толкувана од Ева Грин, новата муза на Бартон.

Како и во претходните главни ликови на Бартон, Џејк Портман (кој го толкува Аса Батерфилд, „Хуго“) е прилично проблематично дете, неразбран од своите родители, но многу близок со своите баба и дедо. Особено го привлекуваат приказните на дедо му за куќата во Полска во која што живеел пред Втората Светска Војна, каде што имало „посебни деца“. Приказните во кои борбите со „чудовиштата“ и одбивањето да се навлегува во многу детаљи се подразбираат во семејството како начин на дедото да се соочи со последиците од Холокаустот, но Џек смета дека се повеќе од тоа. По смртта на дедо му, неговиот татко во обид да стави крај на фантазиите од приказните, го испраќа во Велс, во старото училиште на дедо му.

Освен Ева Грин и Аса Батерфиелд, во ова двочасовно остварување на Бартон настапуваат и Семјуел Џексон како ловец на сирачиња, Руперт Еверет и Мајло Паркер.

Премиерата на „Домот на необични деца на госпоѓица Перегрин“ е во киното Синеплекс во четврток во 20 часот.

Би можело да ве интересира

ФХ3Х во третата сезона на Star Trek Discovery

Ана Ололовска

Меѓу номинираните за Оскар за визуелни ефекти повторно филм на кој работеше FX3X

Наум Локоски

ФХ3Х учествуваше во ефектите на шест од 20 филма во трка за номинација за Оскар, утре премиера на Аквамен

Ана Ололовска

Премиера на „Мег“ – ајкулата чудовиште, ФХ3Х дел од ефектите

Ана Ололовска

Премиера на „Одмаздници: Војна на Бесконечноста“, ФХ3Х работеа на ефектите

Ана Ололовска

Премиера на „Томб Раидер“ со Викандер, ФХ3Х учествуваа во ефектите

Ана Ололовска