На плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот во Охрид утревечер ќе биде отворен фестивалот на „Вино и сирење“.
На дводневната манифестација оваа година, покрај локалните производители на вино и сирење, ќе учествуваат и производители од регионот Корча, Република Албанија. Тие ќе имаат можност своите производи да ги презентираат пред посетителите кои, пак, ќе имаат можност да ги почувствуваат вкусовите на домашните вина и сирења.
Фестивалот на вино и сирење е осмислен како активност насочена кон збогатувањето на туристичката понуда на градот во овој период од годината, а истовремено и можност за остварување контакти меѓу самите производители на традиционална храна.