Фестивалот „Гифест“ пристигна во Скопје

Од:

Фестивалот на графичко-компјутерската уметност „Гифест“ доаѓа во Скопје. Утревечер, со почеток во 20 часот во арт кафулето „Концепт 37“ ќе има кратко предавање за гифови и специјален видео мапинг на сите гифови што учествуваа на годинашниот „Гифест“ што се одржа во Суботица.

Во Скопје доаѓаат основачот и организатор на фестивалот Мирјана Шормаз Митриќ од Суботица, како и првиот победник Адријан Каравдиќ од Виена. Во рамки на фестивалот тие ќе одржат работилница за гифови.

Работилницата ќе се одржи в недела, со почеток од 11 часот, во арт кафулето „Концепт 37“, а учеството е бесплатно. Целта е да се направи доближување и оживување на оваа графичко-компјутерска уметност, како и поттикнување на сите креативни луѓе, преку гифови да ги визуелизираат своите идеи.

Сите заинтересирани можат да се пријават на inbox на Концепт 37. www.facebook.com/c37.mk

„Гифест“ е фестивал на гифови, првично одржан во Суботица со цел да ги собере гиф-артистите од регионот и да ги промовира нивните авторски гифови.

Гиф е впечатлива, анимирана веб графика, прилагодена за брза размена, ефикасна во смисла на порака, а на авторите им овозможува комбинирање на техники и достапност на правење гифови. Критериумите за учество на фестивалот, кој оваа година се одржа трет пат, се автентичност и авторство, но пред се добрата идеја.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска