Фалете го умот поради идната среќа: Зошто грешите кога на детето му кажувате дека е убаво

Од:

Мајките и татковците, кои ги фалат своите синови и ќерки кога убаво се облекуваат или поради тоа што имаат убава коса, ги учат децата дека изгледот е најважната работа за успех во животот.

Тешко е да се воздржите и да не му кажете на вашето дете дека е убаво, бидејќи сите деца всушност и изгледаат убаво, но доколку тие прифатат дека тоа е најважната работа, тоа не е позитивна порака за нивниот натамошен живот.

Наместо тоа децата треба да ги пофалите за извршување на задачите и да ја потикнете нивната способност да бидат љубопитни.

Статистиките покажуваат дека секое четврто дете во старосната група од десет до 15 години е несреќно во врска со својот изглед, а 72 отсто од девојчињата сметаат дека премногу внимание се посветува на изгледот на славните жени.

Потребно е мајките да престанат да зборуваат лошо за своето тело, а татковците би требало да размислат што зборуваат за своите жени пред ќерките.

Младите момчиња исто така се под притисок да изледаат на еден од двата начини: или мускулесто или слабо како Пит Доерти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска