Факти за бебињата кои ќе вe шокираат

Од:

Бебињата се премногу слатки, многу плачат и бараат многу внимание. Но, тие се всушност многу повеќе од тоа.

Разликуваат добро од лошо

Користејќи ги животните кои демонстрираат добри и лоши модели на однесување, универзитетот Јел со децении ги проучува реакциите на бебињата. Во еден експеримент додека мачката се бори да отвори кутија, се појавува зајак кој и помага во тоа. Потоа повторен е експериментот каде се појавува „лош зајак“ и ја краде кутијата. Резултатите покажуват дека 80 отсто од децата помлади од две години покажале повеќе интерес за животно кое демонстрирало убаво однесување.

Ги препознаваат јазиците

Иако не знаат да зборуваат, само неколку часа по раѓањето, бебињата можат да го разликуваат својот мајчин од странскиот јазик. За време на експеримент спроведен во Швајцарија на бебињата им се дадени цуцли кои се поврзани со компјутери. Кога децата слушале странски јазик ги вовлекувале цуцлите подолго, отколку кога би го слушнале својот мајчин јазик. Врз основа на тоа научниците заклучиле дека бебињата ја препознават разлика меѓу мајчиниот и странскиот јазик.

Знаат што другите бебиња чувствуваат

Кога ќе наполнат пет месеци, бебињата знаат што нивните мали другарчиња чувствуваат. Научниците на бебињата на возраст од пет месеци им покажувале фотографии на насмеани и намуртени бебиња, а потоа им пуштале аудио снимки на среќни и тажни деца. Бебињата успешно ги „поврзувале“ сликите на насеманите бебиња со аудио снимките на среќните деца.

Повеќе зборови учат од мајките, отколку од татковците

Неодамна спроведена студија покажа дека децата повеќе зборови учат од мајките отколу од татковците. Во истражувањето учествувале 33 бебиња, а резултатите покажале дека бебињата учат три пати повеќе зборови од мајките отколку од татковците. Научниците како можно објаснување го наведуваат тоа дека „на бебињата мајчиниот глас им е „близок“ и поради тоа повеќе ги стимулира.

Имаат способност да го научат јазикот на знаците 

Иако бебињата генерално не почнуваат да зборуваат додека наполнат една година и имаат многу ограничен речник до втората година од животот, имаат способност да го научат јазикот на знаците кога ќе наполнат шест месеци.

Можат да читаат од усни

Студијата спроведена во 2012 година покажала дека бебињата читаат од усните кога учат да зборуваат. Истражувачите од Универзитетот на Флорида следеле 180 бебиња на возраст од четири, шест, осум, десет и 12 месеци и го проучувале нивното однесување додека возрасните зборуваат. Експериментот покажа дека бебињата на возраст од шест месеци не ги гледаат во очи возрасните додека зборуваат и вниманието го насочуваат кон нивните усни за да научат како да произведуваат звуци. Следниот пат кога ќе се најдете во друштво на бебе, водете сметка што зборувате. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска