Следејќи го годинешното Евровизиско мото “Градиме мостови”, Виена поврза 40 земји кои ќе се натпреваруваат на јубилејното 60-то издание на најголемиот музички натпревар во Европа. За прв пат се приклучува и Австралија, каде овој фестивал години наназад го пратат. Но дали тука ќе заврши градењето на мостови или ќе се изгради уште еден?
Даниел Кајмакоски, нашиот евровизиски претставник во последните денови од промо турнејата беше во официјална посета на американската амбасадорка во Виена, Алеска Веснер. По средбата американската амбасадорка изјави: “ Навистина сум возбудена што го градиме најголемиот евровизиски мост!”.
Средбата со американската амбасадорка беше поддржана од страна на нашата амбасадорка во Виена, Василка Попоска Треневска, со која нашиот евровизиски претставник претходно одржа официјална средба во Виена.
За што беше средбата? Дали американската амбасадорката е фан на Евровизија? Дали се работи за официјална евровизиска соработка?
Да видиме што ни подготвува Даниел и неговиот тим. По викендот ќе биде објавен поводот за средбата и причината за соработка.