Европската вселенска агенција планира да вади природни ресурси од Месечината

Од:

Европската вселенска агенција планира да започне да копа на Месечината во потрага по вода и кислород до 2025 година.

Агенцијата соопшти дека постигнале договор до Европската вселенска компанија „АрианеГруп“ за истражување на можноста со копање на Месечината да се започне до 2025 година.

Вода и кислород може да бидат извадени од реголитот, односно земјата на Месечината, со што би било полесно за луѓето да поминат повеќе време на природниот сателит на Земјата, велат од „АрианеГруп“. Истражувњето исто така треба да покаже дали е можно да се произведе ракетно гориво на Месечината, овозможувајќи поголем број на експедиции во иднина.

– Користењето на ресурсите од вселената е клуч за одржливи мисии, вели Дејвид Пекер од Европската вселенска агенција.

Реголитот е слојот од земја што ја покрива Месечината. Според научниците, може да се извадат големи количини на кислород, заробен во составот на земјата.

– Истражувањето е дел од планот на Европската вселенска агеција, Европа да стане партнер во глобалното истражување во следната деценија, вели Паркер.

Мисијата ќе биде соработка на научници и инженери од Франција, Германија и Белгија. Проектот сега е во развојна фаза, а научниците се надеваат дека во наредните години веќе ќе може да испратат опрема за копање на Месечината.

Би можело да ве интересира

Одложена посетата на Месечината, поплава од теории на заговор: „Што точно кријат и зошто“

Предраг Петровиќ

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

ВИДЕО: Примероците од „темната“ страна на Месечината првпат во историја пристигнаа на Земјата

ВИДЕО: Кинеска сонда зеде примероци од темната страна на Месечината

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината