Есма и Влатко гости на македонска вечер во Трелеборг

Од:

Традиционалната културна манифестација „Ден на македонската култура“ под покровителство на Македонскиот сојуз во Шведска, денеска ќе се одржи во организација на друштвото „Пелистер“ во Трелеборг.

Гости на оваа најмасовна македонска манифестација во Скандинавија ќе бидат македонските претставници на изборот на песната за Евровизија, Есма Реџепеова и Влатко Лозаноски, како и челновите на македонската евровизиска делегација која деновиве пристигна во Малме, јави дописникот на МИА.

Во рамки на програмата на Денот на македонската култура во Шведска вообичаено се презентираат културни активности и настапи на фолклорни секции од македонските друштва и клубови.

– Годинава, по подолго време, ќе имаме мошне богата програма, со настапи на поединци и групи од седум друштва, а сосема е разбирливо дека меѓу нашинците владее големо интересирање за овој настан и со оглед на најавеното присуство на македонските евровизиски претставници, вели Ивица Челиковиќ, секретар на Македонскиот сојуз во Шведска.

Гостин во програмата ќе биде и директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, Васил Наумов, кој пред извесно време беше прогласен за почесен член на Македонскиот сојуз.

Претседателството на Македонскиот сојуз во Шведска го додели ова признание за особен придонес во развојот на соработката на Агенцијата за иселеништво на РМ со македонските друштва и клубови и во интензивирањето на контактите на македонската заедница во Шведска со татковината.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холанѓанецот под истрага на ЕБУ зошто удрил член на израелската делегација на Евровизија

Предраг Петровиќ

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ