ВИДЕО: Есма и Лозано ќе настапат утре, на втората полуфинална вечер на Евросонг

Од:

Во шведската Малме арена утре ќе биде одржано второто полуфинале на 58. натпреварување за „Песна на Евровизија“ на кое меѓу 17 композиции ќе бидат избрани десет финалисти.

За пласман во финале на 18 мај, освен Есма и Лозано од Македонија, ќе се натпреваруваат претставниците од Летонија, Сан Марино, Азербејџан, Финска, Малта, Бугарија, Исланд, Грција, Израел, Ерменија, Унгарија, Норвешка, Албанија, Грузија, Швајцарија и Романија.

Десетте финалисти ќе ги избере рамноправно публиката и жирито, а оваа година дојде до промени во начинот на гласањето, така што сега ќе се оценуваат сите натпреварувачки песни, наместо поранешните правила кога бодовите од 1 до 12 се доделуваа само за десет најдобри песни според мислењето на публиката и жирито.

Право на глас утре ќе имаат само гледачите и жирито од земјите учеснички на второто полуфинале како и од три од земјите на „Големата петорка“ – Франција, Германија и Шпанија.

Домаќин на вечерта ќе биде водителката и комичарка Петра Меде.

Овогодишниот натпревар се одржува во Малме арената, а дизајнот кој го работеле Фрида Арвидсон и Виктор Братстром потсетува на крилја на пеперутка, која е овогодишното лого на Евровизија.

Во аренате се поставени 210 звучници, 800 компјутерски контролирани рефлектори и 200 тони сијалици и расветлечки уреди кои висат од плафонот.

Финалната вечер на 58-та Евровизија ќе се оддржи на 18 мај кога меѓу 26 композиции ќе биде избран победникот на најголемото европско музичко натпеварување.

На вчерашната, прва полуфинална вечер, ниту една од земјите од поранешна Југославија не успеа да обезбеди пласман во финалето.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холанѓанецот под истрага на ЕБУ зошто удрил член на израелската делегација на Евровизија

Предраг Петровиќ

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ