Ештон Кучер ја врати картата за вселенското патување, не го пушта жена му

Од:

Познатата актерка Мила Кунис го натерала својот сопруг, Ештон Кучер, да го врати купениот билет за патување во вселената, откако му објаснила дека тоа не е најдобрата семејна одлука, затоа што имаат мали деца.

Ѕвездата на серијата „Два и пол мажи“ признал дека на наговор на сопругата, одлучил да ја врати картата за летот на „Вирџин Галактик“, за која платил меѓу 200 и 250 илјади долари.

Првиот суборбитален лет на компанијата на милијардерот Роџард Бренсон, кој беше повеќепати одложуван, конечно беше изведен на 11 јули.

Досега повеќе од 600 луѓе резервирале билети за летовите на „Вирџин“, а компанијата наскоро повторно ќе почне да продава карти, но по повисоки цени.

„Требаше да бидам на следниот лет, ама сепак нема да бидам“, рече Кучер, кој додаде дека сепак не се откажува од својот сон да полета во вселената.

„Еден ден сигурно ќе појдам“, вели актерот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вселенски туризам: Првата Пакистанка во вселената

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ