Ен Хатавеј – нова музичка ѕвезда?

Од:

Во трејлерот за најновата екранизација на познатиот роман на Виктор Иго, „Клетници“, Ен Хатавеј ја пее „I Dreamed a Dream“.

Режисерот на филмот, Том Хупер, е импресиониран од талентираната Ен.

„Кога пеете на плејбек, секогаш нешто изгледа вештачки, дури и кога синхронизацијата е совршена. Кога некој пее во живо, публиката повеќе му верува.

– Ен е извонредно талентирана. Нејзината изведба на „I Dreamed a Dream“ ве остава без зборови. Толку е природна и искрена“, изјави Хупер.

Во филмот покрај Ен Хатавеј, главните улоги ги имаат Хју Џекман и Расел Кроу.

Би можело да ве интересира

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола