Српскиот режисер Емир Костурица, кој ги изгради Дрвенград во Мокра Гора и Андричград на бреговите на реката Дрина, ќе гради и средновековен Кралевград по долината на реката Ибар, во близина на Кралево, пишува белградскиот весник „Вечерње новости“.
Кралевград треба да биде изграден меѓу манастирите Жича и Студеница, во близина на средновековната тврдина Маглиќ.
Откако ќе биде подготвен идејниот проект, граѓаните на Кралево ќе и ја презентираат идејата за изградба на Кралевград на Владата на Србија и на други заинтересирани компании и личности.
Според весникот изградбата на Кралевград може да заврши за четири до пет години.