Елтон Џон и официјално се прости од публиката со емотивен концерт

Од:

Опкружен со обожаватели од целиот свет кои сакаа да го слушнат и видат својот идол на неговиот проштален концерт, по половина век интензивна популарност, Елтон Џон во саботата вечерта ја воодушеви публиката во Стокхолм и официјално се прости од неа.

Музичката ѕвезда ја започна својата проштална турнеја во 2018 година, а ја заврши сега, пет години подоцна во Стокхолм, отворајќи го последниот концерт со една од неговите најпопуларни песни „Bennie and the Jets“.

На последниот настап, Елтон испеа 23 песни од различни периоди од неговата долга кариера, меѓу кои „Rocket Man“, „Tiny Dancer“, „I Guess That’s Why They Call It the Blues“ и „Philadelphia Freedom“.

„Да се настапува за вас беше мојата причина да живеам и вие бевте апсолутно брилијантни. Конечно завршив со турнејата. Не можам да објаснам колку ќе ми недостигате и колку ме направи понизен вашата поддршка. Тоа ќе остане во мене засекогаш“, изјави 76-годишниот музичар.

Кога започна песната „I m still standing“, во Теле2 арената станаа околу 30.000 гледачи.

За време на концертот, Елтон Џон и оддаде почит на Арета Френклин со пецната „Border Song“.

За време на неговата петгодишна турнеја, која беше прекината поради Ковид-19, неговите настапи ги гледаа 6,25 милиони луѓе.

Би можело да ве интересира

Работите на Елтон Џон продадени на аукција за осум милиони долари

Горан Наумовски

Авионот на Елтон Џон за малку ќе се урнел

Елтон Џон повикува на масовно тестирање за ХИВ

Ана Ололовска

ВИДЕО: Елтон Џон ги повика фановите на сцена, па ги пцуеше: Гонете се, се уништивте

Наум Локоски

ВИДЕО: Елтон Џон погоден со ѓердан во глава на сред концерт

Наум Локоски