Електронските цигари не помагаат за откажување од пушењето и претставуваат сериозна потенцијална закана за здравјето, бидејќи содржат никотин, соопшти италијанското Министерство за здравство.
Роберта Пачифичи од Националниот здравствен институт, која го изготви извештајот, вели дека не е убедена во целосната безбедност на електронските цигари. Електронските цигари ги користат илјадници пушачи што сакаат да се ослободат од штетната навика или бараат поздрава алтернатива.