Противници на употребата фосилни горива и еко-активисти во знак на протест денеска во музејот „Маурициус“ во Хаг извршија „напад“ врз „Девојката со бисерна обетка“, познатата слика на уметникот Јоханес Вермер.
Полицијата ги уапсила трите лица кои учествувале во нападот, од кои едното фрлило непозната материја кон уметничкото дело, но сликата не е оштетена бидејќи е зашитена со стакло.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат активисти како носат маици со натпис „само запрете ја нафтата“ (Just stop oil).
„Како се чувствувате кога ќе видите како нешто убаво и вредно навидум се уништува пред вашите очи? Дали чувствувате лутина? Па, тоа е чувството кога ќе ја видите планетата како се уништува пред ваши очи”, вели еден од активистите на снимките.
Денешниот е последен од низата акции што активистите на групата „Само запрете ја нафтата” ги започнаа месецов. Тие фрлаа компир-пире врз слика на Клод Моне во германски музеј и прскаа со сос од домати уметничко дело на Винсент ван Гог во галерија во Лондон. Во ниту еден од нападите уметничките дела не се отштетени бидејќи се заштитени со стакло.