Американската јавност неодамна беше заинтересирана од случајот на автентичното девојче со име Ејбисидии (Abcde), при што многумина помислија дека се работи за грешка во пишување.
Сепак девојчето навистина се вика така и името и е дадено според првите пет букви од латиничната азбука, но тоа не е крај на приказната.
Имено според службените податоци на американската канцеларија за социјално осигурување, Ејбисидии е почесто име отколку што се претпоставувало.
Конкретно во САД живеат дури 328 малолетни лица со име Ејбисидии и а сите се од женски пол. Просечната старост им е 7,5 години.
Најголема популарност ова необично име достигна во 2009 година кога дури 32 бебиња се викаа Ејбисидии. Од сите американски сојузни држави овој феномен е најчест на Хаваите и во Ново Мексико.
Останува нејасно дали родителите, кои на своите ќерки им дале такви имиња сакале да го забрзаат учењето на азбуката или сепак биле многу мрзеливи.