Родителите често замислуваат како нивните деца ќе изгледаат кога ќе пораснат, а еден аспект на физичкиот изглед можат да го предвидат со помош на едноставна формула.
На нашата конечна висина во зрелата возраст влијаат различни фактори, но во најголема мерка висината ја одредува генетиката. Тоа го потврди и едно истражување, спроведено на 8.798 близнаци во Финска.
Резултатите од истражувањата објавени во весникот „Behavior Genetics“ покажуваат дека наследноста има најголемо влијание на висината кај дури 78 отсто од испитани мажи и 75 отсто од испитаните жени.
Во ’70-те години од минатиот век е развиена е едноставна формула за предвидување на висина во зрелата возраст, која се пресметува врз основа на висината на двајцата родители.
Иако на сите им е јасно дека конечниот резултат не може да биде целосно точен, затоа што пресметувањето не може да ги вклучи најважните фактори како генетиката и исхрана, многумина сепак ја користат од љубопитност.
Како да ја пресметате предвидената висина за девојчиња:
(Висината на таткото + Висината на мајката) : 2 – 6,5 см
Пример:
Таткото 182 см + Мајката 160 см = 342 см
342:2 = 171
171 – 6,5 = 164,5 см
Предвидената висина за девојчиња е 164,5 см (плус или минус пет см)
Како да ја пресметате предвидената висина за момчиња:
(Висината на таткото + Висината на мајката ) : 2 + 6,5 см
Пример:
Таткото 182 см + Мајката 160 см = 342 см
342:2 = 171
171 + 6,5 = 177,5 (плус или минус пет см).