Ед Ширан ангажиран во „Симпсонови“, но гласот го позајмуваше преку телефон

Од:

Откако се појави во новата сезона на „Игра на тронови”, британскиот пејач веќе го позајми гласот и за лик од една од најдолгите анимирани серии во историјата, „Симпсонови”.

Идната 29-та сезона почнува со прикажување во октомври, а новиот лик на Ширан, Брендон ќе биде во љубовен триаголник со Лиса Симпсон и Нелсон Мунтз.

– Оваа година ќе биде подеднакво нереална и неверојатна, напиша Ширан на социјалните мрежи.

Извршниот продуцент Ал Џин изјави дека пејачот е совршен избор за таа улога, и дека го снимале преку телефон.

Освен овие две, Ед Ширан претходно имаше епизодни улоги во уште неколку фимови.

Би можело да ве интересира

Епизода од „Симпсонови“ забранета во Кина поради шега

Ана Ололовска

Нов лик во „Симпсонови“ кој ги прикажува маргинализираните групи

Ана Ололовска

Симпсонови ја предвидоа и самоизолацијата на Том Хенкс

Aleksandar Petrovski

Како „Сипсонови“ го предвидоа Трамп и нападот од 11 септември 2001?

Ана Ололовска

ВИДЕО: Симпсонови пред две години ја предвидоа епизодата на Game of Thrones

Ана Ололовска

По 30 години Симпсонови може да „заминат во пензија“

Наум Локоски