Ѕвездено небо и крводарителска акција во чест на Тоше

Од:

Петтиот музички хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ обожавателите на Тоше Проески ќе го организираат в недела, 6 октомври, од 19.30 часот на плоштадот „Македонија“.

– Дојдете да ја исполниме неговата желба, секоја година да не има во што поголем број. Заедно да се сеќаваме, пееме и да го славиме животот на нашата најголема музичка легенда Тоше Проески. Тагата никогаш нема да запре, но неговата големина секогаш ќе ги грее нашите срца, соопшти фан-клубот на Тоше.

Ѕвезденото небо се одржува секоја година на 5 октомври во сеќавање на последниот концерт на најголемата македонска музичка ѕвезда, одржан на 5 октомври 2007 година на Градскиот стадион во Скопје. Оваа година е поместен за ден подоцна зашто в сабота во центарот на Скопје ќе се одржува  манифестацијата „Бела ноќ“.

Во Домот на АРМ в сабота од 9 до 18 часот ќе биде организирана  и крводарителската акција „Јас штотуку спасив живот, а вие?”, на која ќе има изложба на уметнички слики со ликот на Тоше од младиот уметник Александар Поповски.

– Хуманоста не смее да биде наша обврска, хуманоста треба да стане наше задоволство и духовна храна. И овојпат да покажеме дека во Скопје и Македонија живеат граѓани кои на дело ја изразуваат својата хуманост следејќи го примерот на нашиот Тоше, апелираат обожавателите.

Би можело да ве интересира

Изложба во чест на Тоше Проески

Ана Ололовска

Тринаесет години од загинувањето на Тоше Проески

Ана Ололовска

Маратонците и годинава ќе трчаат во чест на Тоше

Ана Ололовска

Лилјана Петровиќ по смртта на Тоше ја промени професијата, таа повеќе не е менаџерка и не се занимава со музика

А1он

Крводарителска акција посветена на Тоше Проески

Ана Ололовска

Крушево се подготвува да го одбележи роденденот на Тоше

Ана Ололовска