Џуд Ло ќе го глуми Путин во „Волшебникот од Кремљ“

Од:

Џуд Ло во новото интервју за Deadline потврди дека го игра рускиот претседател Владимир Путин во претстојниот политички трилер наречен „Волшебникот од Кремљ“.

Ло ќе игра споредна улога во новиот филм на францускиот режисер Оливие Асајас кој ќе го отслика Путин на почетокот на неговата политичка кариера.

Џуд Ло објасни до каде стигнало снимањето на филмот за Владимир Путин.

– Се уште не сум почнал да работам на тој филм. Мислам, јас сум, но во моментов ми е како Еверест да го освојам, а јас сум во подножјето, гледам нагоре и размислувам: „О Боже, зошто се согласив на ова?“, рече актерот, додавајќи:

– Често се чувствувам така кога се согласувам за филм. Си помислив: „О, Боже, како ќе го извлечам ова? Но, на мене е да го решам.

Филмот е заснован на истоимената бестселер книга на францускиот автор Џулијано да Емполи, објавена во 2022 година. Сценариото го напишаа Асајас и Емануел Карере.

Во филмот ќе глуми Пол Дано како Вадим Баранов, театарски режисер и продуцент на реално шоу, кој подоцна станува главен советник на Владимир Путин.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Фараж со апел до Трамп: Путин не смее да победи

Путин дадe дозвола: Новото „нуклеарно чудо“ е подготвено

Горан Наумовски

Украина го обвинува главниот пропагандист на Путин за поттикнување геноцид