„Џон Вик 4“ ќе биде најдолгиот филм во серијалот, вели режисерот

Од:

Подолго траење стана заштитен знак на современите филмови, а „Џон Вик 4“ не е исклучок од правилото.

Во интервју за „Колидер“, режисерот Чед Стахелски откри дека претстојниот филм ќе биде најдолгиот во серијалот досега.

„Ќе биде подолг од другите три, но не премногу,“ рече тој.

Иако не прецизира, четвртиот во сагата за одмаздникот ќе трае најмалку 131 минута, ако се земе предвид „Џон Вик Поглавје 3: Парабелум“.

„Џон Вик 4“ треба да пристигне до 2023 година, иако режисерот откри дека снимањето е во завршна фаза, што значи дека премиерата може да подрани.

„Секвенците се завршени. Филмот е во суштина направен. Веројатно ќе има уште неколку недели целокупно дотерување, потоа го заклучуваме, а станува збор за звукот, музиката и ефектите“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ