Џо Самнер – специјален гостин на концертот на татко му Стинг во Скопје

Од:

Легендата на светската рок-сцена Стинг на концертот во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје на 15 октомври ќе настапи со своите долгогодишни соработници – гитаристите Доминик Милер и Руфус Милер, тапанарот Џош Фрис, а специјален гостин ќе биде неговиот син, Џо Самнер, соопшти Авалон продукција.

Џо Самнер, кој е син на Стинг (Гордон Самнер) од врската со ирската актерка Френсис Томелти, со музика почнал да се занимава во тинејџерските години, свирејќи на гитара и тапани, инспириран од албумот на Нирвана „Nevermind“. По само неколку години го формирал бендот „Fiction Plane“ кој зад себе има шест студиски албуми,

– Во последните пет години Џо Самнер интензивно работи и на својата соло-кариера, како и на својата мобилна апликација Vyclone. Зад себе има различно музичко искуство – од турнеи со музичарите кои тој ги нарекува своја фамилија (The Police, Sting) до соработки со разни музички изведувачи. Својот прв деби сингл насловен „Jellybean“ го објави во почетокот на оваа година, информира Авалон.

Изминатиот викенд Стинг настапи во Софија и во Белград, пред вкупно 30 илјади публика, со песни од новиот албум кој е насловен по името на турнејата „57тх & 9th“, но и со легендарните песни кои ја одбележаа неговата кариера од времето на групата The Police, како и од неговата соло-кариера.

– Концертот на Стинг во Скопје на 15 октомври, кој со нетрпение го очекува македонската публика, целосно е распродаден уште од првиот продажен ден, и тоа за рекордно време, односно за нецели десет часа откако билетите беа официјално пуштени во продажба, информира продукцијата Авалон.

Би можело да ве интересира

Музички ѕвезди ја предупредуваат Меј поради опасноста на Брегзит врз музичката индустрија

Стинг го запали Скопје, публиката два пати го врати на бис

Наум Локоски

Концерт на Стинг во Скопје

Наум Локоски

Влезниците за концертот на Стинг од утре во продажба

Ана Ололовска

Стинг во октомври доаѓа во Скопје

Наум Локоски

Стинг го продава својот стан вреден 56 милиони долари во њујоршката улица на богаташите

Наум Локоски