Фестивалот за млади „Џифони Македонија“ преку Агенцијата за филм на Република Македонија официјално стана член на Европската филмска асоцијација за деца ECFA (European Children’s Film Association), придружувајќи се на повеќе од 60 компаниии и организации од 23 земји од светот.
ECFA се залага за високолвалитетна продукција на филмови наменети за деца и млади и има за цел да ги запознае децата со магијата на филмот, истовремено нудејќи можности за промоција на нови модели на соработка меѓу европските членки во полето на продукцијата, фестивалите, дистрибуцијата, киноприкажувањето и филмската едукација.
Од своите почетоци, ECFA организира бројни работилници, состаноци и настани со цел промоција и поттикнување на развојот на продукцијата на европските филмови за деца и млади.