„Џифони Македонија“ на три локации во Скопје

Од:

Шестото издание на филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ ќе биде отворен во кино Милениум со почеток во 19.30 часот со проекција на италијанскиот филм „По трагите на мојот татко“ на режисерот Марко Сегато.

На 11 октомври во кино Милениум со почеток во 19.30 часот ќе бидат прикажани филмовите и изведбите направени на работилниците за време на фестивалот од страна на младите.

Оваа година фестивалот „Џифони Македонија“ ќе се одржи од 6 до 11 октомври на три локации во Скопје – Кинотеката на Македонија, МКЦ и кино Милениум со учество на над 650 млади учесници на возраст од 10-19 години.

Фестивалот се одржува со финансиска поддршка од Агенцијата за филм и Фестивалот „Џифони Експириенс“ од Италија, а со почеток од оваа година, во следните три години фестиваалот концепциски се посветува на екологијата и зачувување на животната средина.

Би можело да ве интересира

24-годишен маж крвнички ги истепал децата на партнерката, едно дете е во животна опасност

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Нова измама во Скопје, лажен полицаец зел над 5.000 евра

Скопјанец ја истепал сопругата и нивната ќерка, па оштетил дел од покуќнината

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ