Џенифер Лопез е загрижена за Бен Афлек

Од:

Џенифер Лопез е загрижена за Бен Афлек бидејќи актерот поради пожарот во Лос Анџелес бил принуден да го напушти својот дом во Пацифик Палисадес вреден 20,5 милиони долари.

Според Page Six, извор близок до ѕвездата рекол дека Лопез е загрижена откако дознала дека Афлек е евакуиран. И покрај тоа што неодамна се разведоа, тие останаа во контакт.

„Џенифер беше загрижена за Бен во текот на целото ова ужасно искуство и му даде до знаење дека е тука за него и децата. Таа ја понуди својата поддршка за се што им треба и рече дека ќе им помогне на секој начин“, рече изворот, осврнувајќи се на неговите деца што ги дели со Џенифер Гарнер.

Инаку, Бен Афлек беше евакуиран во вторникот вечерта и моментално живее со својата прва поранешна сопруга Џенифер Гарнер. Меѓутоа, во средата актерот се вратил на својот имот откако дознал дека се уште не е во опасност од пожарот.

“Палатата на Бен се уште е под наредба за евакуација, но тој е многу благодарен што неговиот имот засега е безбеден. Тој познава многу луѓе кои за жал ги загубија своите домови. Видел многу уништувања и тоа е повеќе од само трагедија. Бен посегнува до сите на кои може да им помогне“, рече друг извор.

Сепак, други познати личности како Парис Хилтон, Адам Броди, Мел Гибсон, Мајлс Телер, Џејми Ли Кертис и неколку други немаа толку среќа бидејќи нивните имоти изгореа до темел.

За потсетување, од вторникот, најмалку 10 луѓе загинаа во шумските пожари што ја зафатија пошироката област на Лос Анџелес, а најмалку 10.000 имоти се уништени.

Би можело да ве интересира

Уште една снимка од Џастин Бибер, неговото однесување ги загрижи фановите

Предраг Петровиќ

Гласини дека Барак и Мишел Обама го делат имотот по нивниот развод по 32 години брак

Предраг Петровиќ

Спасот од Холивуд го најде во шума

Предраг Петровиќ

Џорџ Клуни го нападна и Бајден: „Беше неодговорен“

Предраг Петровиќ

Поранешната хрватска манекенка откако доби сурови коментари за својот изглед: Ме изненадија

Предраг Петровиќ

Бред Пит претера со ботоксот: „Стегнат како холивудски буџет по лош филм“

Предраг Петровиќ