Џек Ма падна на четвртото место кај најбогатите Кинези

Од:

Основачот на „Алибаба“ и „Ант груп“, Џек Ма ја загуби титулата најбогат Кинез, откако неговата „империја“ беше ставена под строга контрола на кинеските регулатори.

Така, на новиот „Глобален ранг на богатите 2021“ од истражувачко-медиумската групација „Хурун“, Ма и неговото семејство кои беа најбогати луѓе во Кина во 2020 и 2019 година, сега паднаа на четвртото место. Пред него се Жонг Шаншан – сопственик на компанијата за вода во шише – „Нонгфу спринг“, потоа – Пони Ма, кој го води „Тенсент холдинг“ и, на трето место е Колин Хуанг со компанијата „Пиндуодуо“, со услуги околу електронската трговија.

„Хурун“ забележува дека регулаторите на кинескиот пазар почнале истрага за монопол кај „Алибаба“, откако Ма во октомври минатата година јавно го критикуваше кинескиот регулаторен систем.

Новата листа се прошири за 259 Кинези кои имаат богатство од над милијарда долари и брои вкупно 1.058 лица. Со тоа, Кина е прва земја во светот што ја премина границата од 1.000 луѓе милијардери.

За споредба, САД годинава имаат 70 нови милијардери, со што нивниот број достигна вкупно 696 луѓе.

Актуелниот најбогат Кинез, Жонг, годинава првпат го зазеде првото место на списокот на „Хурун“, со богатство од 550 милијарди јуани (85 милијарди долари). Тој тоа го стекнал, главно, благодарение на зголемувањето на вредноста на акциите на „Нонгфу спринг“ и на производителот на вакцини – „Биолошка аптека Пекинг вантај“, којашто исто така е под негова управа.

Би можело да ве интересира

Најбогатиот човек на светот има имот од 233 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

Ана Ололовска

Некогаш ѕвезда на Арсенал, а сега милијардер: Дури 30 пати е побогат од Кристијано Роналдо

Маск повторно е најбогатиот човек на светот

Ана Ололовска

Илон Маск симнат од тронот, најбогат човек на светот сега е Бернард Арно

Ана Ололовска

Кралицата на скапоцените камења загина на крузер, нејзиниот сеф е пронајден празен

Горан Наумовски