Џејда Пинкет Смит по сите скандали кои се случија и по одлуката да му се забрани на Вил Смит да присуствува на Оскарите во следните 10 години, со само една изјава фрли сенка на сите овие настани.
„Бев под притисок, знаете, не е лесно кога си млад, а младата актерка сака успех. Едноставно не знаев што да правам, а бев бремена. Всушност, никогаш не сакав да се омажам “ изјави Џејда.
Џејда спомнува и за нејзината мајка која ги натерала да се венчаат и уште еднаш повторила дека не сака, но морала затоа што забременила.
Таа истакна дека венчавката била ужасна, била вознемирена и на работ на солзи, ништо не и се допаѓало, додека Вил Смит секогаш тврдеше дека тој ден бил најсреќен за него и дека секогаш замислувал големо и среќно семејство.
Јавноста веќе е згрозена од неконвенционалните ставови на Џејда Пинкет Смит, која во емисијата отворено призна дека го изневерувала сопругот со изговор дека само сакала да помогне и сакала да се чувствува добро.