Оливиа Менинг (12) од Ливерпул примена е во МЕНСА откако е откриено дека има поголем коефициент на интелегенција од научниците Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг. Нејзиниот IQ изнесува дури 162.
Менинг на тестот за интелегенција имала два бодови повеќе од Ајнштај и Хокинг. Толкава интелегенција имаат само еден отсто од луѓето во светот.
Многу пријатели доаѓаат за да им помогнам да ги завршат задачите. Јас сакам предизвици и да ги ангажирам своите мисли, рече 12-годишната Британка, јави „Дејли Мејл“.
Таа истакна дека отсекогаш знаела дека има способност за брзо помнење и брзо учење, но не претпоставувала дека има така висок коефициент на интелегенција. Во иднина планира да се посвети на науката и на тој начин да го искористи својот потенцијал.