Дубровник сака да го преполови бројот на туристи од крузери за да го „спаси“ градот

Од:

Градоначалникот на Дубровник Мато Франковиќ побарал да се преполови бројот на патници-туристи кои дневно пристигнуваат во овој хрватски град, со големите бродови-крузери кои пловат по Медитеранот.

Франковиќ смета дека на овој познат средновековен град на југот од Јадранот, му се заканува да биде „задушен“ од преголемиот број туристи и гостите кои на еден ден доаѓаат во Дубровник, па најавува дека сегашниот дневен просек од осум илјади туристи од крузери, би требало да се намали на четири илјади.

Градоначалникот се залага и за ограничување на тур-операторите кои организираат еднодневни посети до градот кој е заштитен од УНЕСКО уште од 1979 година.

Во 2015 година, една комисија на оваа организација на ОН, има препорачано ограничување на туризмот со големите крузери и на бројот на гостите од овие бродови на максимално осум илјади лица.

Капетанијата на пристаништето во Дубровник соопшти дека во 2016 година, овој сугериран лимит бил надминат дури 18 пати, кога во 243 денови во градот впловиле вакви бродови.

Претставник на капетанијата изјавил дека во изминатите месеци годинава, таа била приморана да не дозволи влез за 40 крузери.

Дубровик е едно од шесте најпосетувани пристаништа за вакви туристички патувања. Минатата година впловиле 639 бродови со кои допатувале над 830 илјади патници. Од нив 763 илјади биле транзитни, односно оние кои доаѓаат на еден ден и потоа продолжуваат понатаму низ Медитеранот.

Претходно, вакви навестувања за ограничување на крузерите и на брјот на патниците, најавија Венеција и Барселона. Минатата година, во Венеција беше организирана и кусотрајна блокада на каналот преку кој во градот впловуваат крузерите.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ