Дознајте зошто е важно децата да играат надвор!

Од:

Децата поминуваат исто толку време на работната маса и во училишните клупи колку и возрасните на работа. Кога завршуваат часовите во училиште, одат дома и работат домашни задачи. Можеби ова е добра пракса за усвојување на материјалот, но голем број родители ќе се согласат дека на децата им е потребно повеќе време за игра.

Времето кое го поминуваат надвор без надзор од страна на возрасните е скапоцена можност да научат како да се однесуваат во различни ситуации и како да се снаоѓаат. Потребно им е време и простор каде ќе можат да ги развиваат сопствената свест и вештини.

Еве на кој начин играта надвор влијае на вашето дете:

Подобрување на јазичната вештина

Надвор границите се многу поместени, така што во својата игра децата создаваат свој свет и го делат со своите другарчиња. Во слободната интеракција со другарчињата, децата имаат единствена можност да го истражуваат светот и да научат да ги формулураат своите мисли и доживувања.

Позитивно влијание врз здравјето

Трчањето, сончевата светлина и свежиот воздух имаат поволно влијание врз детскиот имунитет. Денешните деца кои повеќе време поминуваат во игра во затворени простории, надвор ќе можат да го исфрлат вишокот енергија.

Ослободување на стресот

Возрасните имаат паузи и годишни одмори за да се ослободат од стресот и да ја подобрат продуктивноста. И на децата им е потребен некој издувен вентил за ослободување на негативната енергија која се собрала во текот на седењето во училишните клупи.

Децата учат како да се ослободат од конфликтите и како да се однесуваат во конфликтни ситуации

Надвор важат правилата кои децата ќе ги воспостават. Измислуваат игри, правила на играта, доделување улоги едни на други, си поставуваат граници едни на други и се учат на солидарност.

Развивање на социјалната интелигенција, разбирање на динамиката на групата и социјалната свест

Со играњето надвор децата учат многу за социјалната хиерархија. Се случува да направат грешка и членовите на тимот да ги обвинуваат за тоа. Слободната игра без надзор на возрасни ќе им даде можност да експериментираат со тоа како функционираат како дел од екипата и како да се борат за она во што веруваат.

Слободната игра ја стимулира инвентивноста

Во слободната игра децата мораат сами да најдат начини да се забавуваат. Досадувањето е најдобар поттик, кој ќе им помогне да научат да уживаат во слободното време и да најдат начин квалитетно да го поминат.

Поволно влијание на концентрацијата

Возрасните вежбаат и имаат разни хобија за обновување на работниот елан. И на децата им е потребно пауза од училишните активности за да можат да им пристапат со обновен ентузијазам. Сончевата светлина помага во лачење допамин, хормон кој има позитивно влијание врз расположението, а физичката активност има поволно влијание на сонот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска