Донација од 15.000 долари за кампањата за борба против ракот на дојка на „Борка“

Од:

Петнаесет илјади долари се донирани во кампањата за борба против ракот на дојка на Здружението „Борка – за секој нов ден“. Со донацијата ќе се реализираат нови едукации на жените за самопреглед и тоа во општините Охрид, Свети Николе, Велес и Струмица, каде е евидентирана највисока стапка на смртност од тој карцином со цел да се едуцираат младите за навремено откривање и превенција на ракот на дојка.

Средствата се наменети за одржување на постоечкиот СОС број 0800 55 777, како и за отворање нова мобилна СОС линија 075 22 88 99, која е достапна седум дена во неделата од 9 до 21 часот. Станува збор за донација од козметичката компанија Авон Македонија.

На СОС линијата се нудат информации за закажување прегледи, административни процедури, процедури за операции, справување со хемотерапија и радиотерапија, како и совети за исхрана, пост-третман и психолошко советување и поддршка. На единствената бесплатна СОС линија која компанијата ја отвори во 2006 година во партнерство со здружението „Борка“ досега се јавиле повеќе од 12.000 лица, а бројот на повици од ден на ден сè повеќе се зголемува.

Од компанијата посочуваат дека кампањата за борба против ракот на дојка во Македонија почнала пред 8 години и оттогаш речиси секоја година спроведуваат повеќе активности и донации за помош и поддршка на заболените.

Би можело да ве интересира

Вакцините против рак и против срцевите болести ќе бидат готови до крајот на оваа декада

Здружението Љубов сме/Jemi dashuri поднесе претставка до МЗ со барање за измени на здравствената законска регулатива на заболените од карцином

Ана Ололовска

Белгиски универзитет објави откритие за спречување на метастазирање на ракот

Стоилковски: Нема терапија за заболени од карцином, тендерот не е по мерка на ДУИ СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Пациентите болни од одредени видови рак оставени без терапија, власта не набавила лекови

За три месеца 1000 жени прегледани во мобилни амбуланти, некои 15 години не  биле на гинеколог