ВИДЕО: Домородци со децении го сметале принцот Филип за бог, ќе го испратат со посебни ритуали

Од:

Едно племе од зафрлената островска држава Вануату, во јужниот Пацифик, со децении го славело британскиот принц Филип како божество, а неговата смрт ќе ја одбележи со специјален ритуал со церемонијален танц и тажење, пишуваат британските медиуми.

Домородците веруваат дека Војводата од Единбург бил реинкарнација на древен воин кој ги напуштил островите за да војува низ светот.

Племето во Јаохнанен на островот Тана во Вануату верувале дека водачот на борците еден ден ќе се врати со богата бела жена, на својот 89-ти роденден. Принцот Филип во 2011 година навистина се појави во Вануату за да им направи чест на домородците и беше пречекан со најголеми почести.

Антрополозите сметаат дека домородците го поврзале принцот Филип со нивниот древен мит за време на 60-те години од минатиот век, кога Вануату било британско-француска колонија.

Почитувањето на принцот во племето било на ниво на култ. Домородците секој ден се молеле принцот да ги благослови нивните посеви со банани и сладок компир. Повеќето куќи во племето чуваат врамена слика на принцот Филип, а според експертите кои ги проучувале, тие ќе го чуваат митот за него и по неговата смрт.

Би можело да ве интересира

Принцот Филип ќе биде погребан денеска, со церемонија која сам ја испланирал

ВИДЕО: Принцот Филип ќе го испратат во кола што самиот ја дизајнирал

Жарко Настоски

Би-Би-Си добил 100.000 жалби за известувањето за смртта на принцот Филип

Ана Ололовска

Борис Џонсон: Принцот Филип и неговата љубов кон кралицата заслужуваат почит

Жарко Настоски

Борис Џонсон нема да присуствува на погребот на принцот Филип

Катерина Ѓуровски

Принцот Филип ќе биде погребан на 17 април, ќе дојде и принцот Хари, но без Меган

Катерина Ѓуровски