Документарниот филм за Џенис Џоплин на фестивалот во Венеција

Од:

Авторот на филмот „Џенис“ Ејми Берг, изјави дека починатата блуз и рок дива Џенис Џоплин ја водела при снимањето на документарниот филм, кој беше прикажан надвор од конкуренцијата на филмскиот фестивал во Венеција.

Филмот ја следи Џенис, аутсајдерка која пораснала во Порт Артур, Тексас, низ нејзин метеорски подем како пејачка на бендот „Big Brother and the Holding Company“ до предозирањето со хероин кога имала 27 години, во октомври 1970 година.

– Повеќе пати сакав да направам нешто покреативно, што го нема во архивите, што можеби нужно не се случило и секојпат ми пропаѓаше, рече Берг.

– Чувствувам како Џенис да ме водеше низ монтажата. Нејзинот глас навистина ме водеше, додаде таа.

За разлика од документарниот филм за Ејми Вајнхаус „Ејми“ кој се потпираше на приватни снимки, Берг нејзиниот филм го работеше користејќи архивски материјали.

И покрај тоа, таа вели дека во филмот има моменти за кои дури ни најжестоките обожаватели на Џенис Џоплин не слушнале или виделе.

– Постојат 12 минути нови аудио и видео снимки. Тоа беше вистински предизвик, рече американската режисерка.

– Постојат луѓе кои оделе на турнеи со неа, како Дејвид Далтон од „Ролинг Стоун“ магазинот па користевни нивни снимки, но и снимки кои некој случајно ги пронашол, како и преубав материјал без тон кој го искористивме, рече таа.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ