Документарецот за Меланија Трамп со рекорден старт на благајните

Од:

Документарниот филм посветен на првата дама на САД, Меланија Трамп, бележи исклучително силен почеток во кината и се очекува во првиот викенд од прикажувањето да инкасира околу осум милиони долари. Со тоа, филмот би ја остварил највисоката стартна заработка за документарец во САД во изминатата деценија.

Светската премиера на филмот со наслов „Меланија“ се одржа во петокот, а според податоците, најголемиот дел од публиката ја сочинуваат жени и гледачи постари од 55 години, кои учествуваат со околу 70 проценти во вкупниот приход. Како што пренесува „Холивуд репортер“, документарецот има особено добар прием кај конзервативната публика во јужните американски сојузни држави.

Претходните проекции беа значително пониски – медиумската компанија „Пак“, повикувајќи се на податоци од Националната истражувачка група (НРГ), проценуваше дека филмот ќе заработи околу пет милиони долари во првиот викенд во САД и Канада. Вкупниот буџет на проектот изнесува 75 милиони долари.

Филмот е продукција на „Amazon MGM Studios“, а режисер е Брет Ратнер. Документарецот го следи животот на Меланија Трамп во периодот пред инаугурацијата на Доналд Трамп во 2025 година и нуди увид во приватните и работните моменти „зад сцената“ во Белата куќа, објави „Фокс њуз“.

Воедно, „Меланија“ е и првиот проект на новоформираната продукциска куќа на првата дама – „Muse Films“. На премиерата одржана во културниот центар „Трамп – Кенеди“ во Вашингтон, Доналд Трамп изјави дека неговата сопруга денес е „значително поотворена“ пред јавноста.

Документарецот се фокусира на улогата на Меланија Трамп како прва дама, нејзините хуманитарни активности и семејниот живот, додека се подготвува повторно да ја преземе функцијата.

И покрај комерцијалниот успех, филмот се соочува со мешани реакции кај публиката и критиката. На ИМДБ моментално има просечна оценка од 1,3 од 10, врз основа на околу 22.000 гласови, додека на „Ротен томатос“ го препорачуваат 10 проценти од критичарите, но дури 99 проценти од гледачите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Критиката го разнесе документарецот на Меланија: Два часа чист пекол

Меланија Трамп испрати важна порака: „Мора да се обединиме“

Меланија Трамп објави „лансирање“ на своја филмска продукциска компанија

Меланија: Имам отворен канал за комуникација со Путин

А1он

Меланија Трамп одби да се сретне со сопругата на Зеленски

Моден двобој: Меланија ја покажа својата моќ со голи рамена и со шлиц, Кејт Мидлтон воодушеви со свила и чипка

А1он