Доењето може двојно да го намали ризикот од развој на постпородилна депресија, објавија британските научници по истражувањето, во кое учествуваа околу 14 илјади млади мајки.
Кај секоја десетта жена, по породувањето, се развива постпородилна депресија, но истражувањето на научниците од Кембриџ покажало дека тој ризик се намалува за 50 отсто кај секоја мајка, која почнува да дои.
Експертите причината за тоа ја гледаат во хормонот на добро расположениe, кој се излачува при производството на млеко, но ризикот двојно се зголемува кај жените, кои сакаат да дојат, а поради различни причини тоа не можат да го прават.
– Доењето има позитивно влијание, но за жал постои и друга страна на медалот, бидејќи мајките, кои сакаат да дојат, а не можат имаат најголем ризик за постопородилна депресија во сите групи, изјави еден од лидерите на истражувањето Мариа Јакова, нагласувајќи дека на овие мајки мора да им се посвети посебно внимание.