Објавени добитниците на годишните државни награди „Св.Климент Охридски“

Од:

Географот Ѓорѓи Павловски, актерот Бранко Ѓорчев, дерматовенерологот Ѓорѓи Гоцев и кардиологот Антонио Георгиев се добитници на годинешната државна награда „Св.Климент Охридски“.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември во 12 часот во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим. Одлуката за наградите ја донесе Одбор под претседателство на академик Вера Битракова Грозданова.

Државната награда „Св.Климент Охридски“ се доделува за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје