Лошите манири кај најмладите лесно доаѓаат до израз без оглед на тоа каде се наоѓатe. Непристојното и неваспитано дете ги прекинува возрасните додека зборуваат, а „молам“ и „благодарам“ нема да слушнете затоа што не постои во неговиот речник.
Затоа е потребно на време да го исправите таквото однесување, така што детето ќе го тргнете на страна и ќе му објасните дека тоа не е пристојно. Ждригањето, земање играчки, ставање прстето во шлаг на торта, барање подароци е одраз на невоспитување, но не е доволно само да му се каже на детето дека тоа не е убаво.
Родителот мора да му објасни на детето дека не е прифатливо и оти не смее ако бабата му подари книга да одговори „не го сакам тоа, сакам играчка“. Важно е детето да научи да се заблагодари кога ќе добие подарок, дури и аконе му се допаѓа.
Обврскатата на родителите е да ги научат најмладите на убаво однесување во сите ситуации и секогаш да ги потсетуваат да бидат љубезни и пристојни. Дури и тригодишно дете може да го разбере значењето на делење и благодарност.
Сепак, дури и кога ги знаат правилата на однесување децата ги забораваат. Родителите се тие кои треба секојдневно да ги потсетуваат, да ги учат на бонтон низ игра. Кога на вашето девојче и доаѓаат другарки, поразговарајте пред тоа со неа за важноста од делењето кукли и други играчки.
Експертите тврдат, дека сепак, најважно е да се биде добар пример. Ако детето види дека мајаката, таткото, бабата и дедото се љубезни, со време и тоа ќе стане такво, дури и ако во почетокот давало отпор.