Дињата е овошје богато со вода, витамини и минерали, идеално за топлите летни денови.
Како и лубеницата, потекнува од Тропската Азија и Африка, а всушност се вбројува во редот на зеленчуци. Латинското име за диња е Cucumis Melo. Во светот постојат преку 50 видови диња.
Колку и да ги сакаме, малку се знае што тие навистина прават за нашиот организам.
Вишокот вода и калиум во дињата ја поттикнува работата на бубрезите, односно детоксикацијата на организмот. Поради витамините А и Ц, дињата е и антиоксиданс.
Прехранбените влакна од дињата го олеснуваат варењето и помагаат кај проблемите со желудникот. Самото овошје освежува и психички смирува. Поради нискокалоричноста, одлична е за сите кои сакаат да започнат диета.
Најдбро е да ја чувате во фрижидер, завиткана во хартија, за нејзиниот интензивен мирис да не помине на другите намирници.